Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Во штипските училишта педесет ученици си заминале, но и пет се вратиле од странство

Во штипските основни и средни училишта второто полугодие почна со околу педесет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипските основни и средни училишта второто полугодие почна со околу педесет ученици помалку во споредба со првото полугодие, но раководителката на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека во второто полугодие имаат запишано и ученици повратници, кои се вратиле во земјата од странство.

Таа додаде дека во училиштата во Штип се вратија четворица основци и еден средношколец, чии семејства живееле во Холандија, Англија и Германија. 

-Некаде за педесеттина ученици се намали бројот, но имаме и пет новозапишани ученици со тоа што четири доаѓаат од странство, односно се повратници од странство и тоа во ООУ„Димитар Влахов„ имаме две дечиња од Холандија, во училиштетот „Тошо Арсов“ имаме ученик кој доаѓа од Англија, а ученикот во училиштето „Ванчо Прќе“ е повратник од Германија – рече Санева. 

Реклама

Таа истакна дека учениците кои учеле во странство пред да го продолжат своето образование во македонските училишта, се тестираат, со цел да се утврди нивното  знаење и да се одреди во кое одделение ќе продолжат. Санева додаде дека за среќа, сите добро го владеат мајчиниот јазик, но наставниот кадар им посветува дополнително внимание на овие ученици за полесно да се адаптираат.  

-Законот предвидува прво проверка на знаењето на учениците кои се враќаат од другите држави. Откако ќе се утврди степенот на знаење, детето се запишува во соодветното одделение. Често се случува тие деца веќе да биле запишани во нашето образование, се иселуваат, но за година до две повторно се враќаат – објасни Санева.

Таа информира дека Општина Штип и училиштата внимателно ги следат бројките на заболени од грип и апелираат учениците кои се со симптоми на грип да останат дома.