Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Штип се враќа дочек на Нова Година на отворено

По долги години пауза, штипјани со организиран дочек за новогодишната ноќ. Подготовките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долги години пауза, штипјани со организиран дочек за новогодишната ноќ. Подготовките се при крај, за шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе биде локацијата каде граѓаните во добра атмосфера ќе си ги поминат последните часови од оваа година. Предвидени се настапи на локални бендови,забава за најмладите, а ќе има можности да се служи храна и пијалоци.

„На шеталиштето „Ванчо Прќе“ на 31 декември после 20часот, Општина Штип, организира забава за дочек на Новата Година, со познати музички имиња и бендови од Штип. Ќе има богата музичка програма, а истовремено ќе има можност да се служи храна и пијалоци за посетителите“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Годинава Штип, личи на вистинска новогодишна бајка. Санки, елени,  ѕвездени неба..граѓаните коментираат дека вакво украсување на градот со цел да се почувствува новогодишната магија досега немало.

Реклама

„Многу убаво е украсен градот. Вистинска магија. Многу е убаво што има и организиран дочек на шеталиштето“ коментираат граѓаните.

Речиси цел декември во Штип има новогодишна програма, а за прв пат се организира и Новогодишен базар.

Александра Ристевска