Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Во Штип расте цената и побараувачките на становите, за осум месеци продадени 110 нови станови

Во Штип расте побарувачката, но и цената за метар квадратен станбен простор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Штип расте побарувачката, но и цената за метар квадратен станбен простор. Драган Каров од  одделението за даноци во Општина Штип изјави дека годинава се бележи зголемен број на продадени станови и во трите квартали има пораст од 35 отсто во споредба со минатата година.

-Во 2025 година, до денес, продадени се и поминати низ системот на општината 190 станови, од кои 110 се ново изградени или споредбено со 2024 во цела година имало 125 ново продадени станови, што значи дека се забележува тренд на зголемување на продажбата. Инаку, вкупната вредност на поминатите договори во општината за новите станови е околу седум милиони евра, изјави Каров.

Тој посочува дека од овие средства општината инкасира 4 отсто од вредноста на купорподажните договори, што значи дека во лoкалниот буџет само по овој основ се прибрани 280 000 евра. Станови се градени во изминатите години и затоа се продаваат по пониски цени, додека цената за метар квадратен за становите кои во моментот се градат постојано се зголемува.

Реклама

-По договорите од оваа година некоја просечна цена надминува 1.000 евра од метар квадратен, вели Каров

Станбен простор за продажба се бара независно од локацијата во градот. Појаснува дека нема групирање во еден дел од градот, туку секаде каде што се градат нови згради сите станови се продадени.

Цената за метар квадратен во новоградба во Штип достигна до 1.380 евра. За разлика од претходните години кога станови купуваа државјани на Турција за своите деца студенти, сега воглавно се македонски државјани.