Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Штип прв натревар во пливање во затворениот базен

Шеесет млади натпреварувачи учествуваа во Градскиот пливачки натпревар „Штип 2026“, кој се одржа во новоотворениот затворен базен. Ване Маневски, кој е дел од организацијата на натпреварот, вели дека денешниот натпревар е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови, бидејќи по долг период на стагнација на пливачкиот спорт во Штип – пред сè поради долгогодишниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеесет млади натпреварувачи учествуваа во Градскиот пливачки натпревар „Штип 2026“, кој се одржа во новоотворениот затворен базен. Ване Маневски, кој е дел од организацијата на натпреварот, вели дека денешниот натпревар е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови, бидејќи по долг период на стагнација на пливачкиот спорт во Штип – пред сè поради долгогодишниот недостиг на соодветна инфраструктура и услови – локалните клубови конечно го покренаа овој спорт од „мртва точка“.

– Преку овој настан, јавноста  имаше можност да ги види првите реални резултати, напредокот и дисциплината на децата кои за само неколку месеци ја совладаа оваа благородна вештина-вели Маневски.

Учесниците во натпреварот беа поделени во две возрасни категории (машка и женска конкуренција): категорија А: деца од 6 до 10 години (родени јуни 2017 – јуни 2020) кои пливаа во дисциплината 25 метри (1 должина) и категорија Б: деца од 11 до 14 години (родени јуни 2014 – јуни 2017), кои пливаа во дисциплината 50 метри (2 должини).

Реклама

Овој натпревар е во организација на Пливачкиот ватерполо клуб (ПВК) „ВИДРА“ Штип, во соработка со ВК „8-ми Ноември Мастерс“ Штип.