Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Во Штип, Пробиштип и Свети Николе одбележан празникот 11 Октомври

Со положување на цвеќе пред Споменикот на борците на тврдината Исар во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со положување на цвеќе пред Споменикот на борците на тврдината Исар во Штип, претставници од локалната самоуправа, делегации на државни и локални институции и на политички партии денеска се одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија.

Претседателот на Општинската организција на Сојузот на борци – Штип, Петар Мицевски им го честита празникот на целиот македони народ.

-Наша обврска и одговорност е да ја браниме земјата, како и придобивките од Народно ослободителната борба, рече Мицевски.

Реклама

И во општините Свети Николе и Пробиштип се одбележува Денот на народното востание на Македонија. Актуелниот градоначалник на Општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека 11 Октомври е ден кога македонскиот народ покажа дека слободата нема цена.

-Денес се потсетуваме на храброста и жртвата на нашите предци кои го започнаа патот кон слободата и достоинството. Да ја продолжиме таа борба денес – со обединување, со почит и со заедничка желба да изградиме посилен и поубав Пробиштип и посилна Македонија. Нивната жртва нека ни биде потсетник дека и денес се бориме – не со оружје, туку со работа, искреност и визија за подобра иднина, вели Анастасов.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев истакна дека овој датум означува уште еден почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ.

-На 11 Октомври е поставен уште еден од темелите на македонската државност. Партизанското движење го оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување на победата и слободата на македонскиот народ. Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода, рече Владев.