Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Повеќето од штипските населби имаат вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Повеќето од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните што живеат во повисоките зони на градот.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов појаснува дека во текот на денот ќе има нормално водоснабдување во градот и во приградските населби.

Вчера, поради висока матност на водата, која доаѓа преку цевководот од ХС „Злетовица“, беше исклучена филтер-станицата што ја преработува водата и се дистрибуира низ водоводниот систем.

Реклама

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип, Александар Арсовски, на вчерашната вонредна прес-конференција појасни дека исклучувањето на филтер-станицата е поради невремето во Пробиштипскиот Регион, кое предизвика заматеност на водата од ХС „Злетовица“. Но, по намалувањето на матноста, штипската филтер-станица беше повторно вклучена за да ја преработува водата за пиење.