Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Штип од утре второто издание на ,,Shtip street food festival” на шеталиштето „Ванчо Прќе“

Штип од утре до недела ќе биде домаќин на второто издание на „Shtip street food festival“. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и да дегустираат храна од повеќе светски кујни. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека се очекува добра посетеност, одлична забава […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип од утре до недела ќе биде домаќин на второто издание на „Shtip street food festival“. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и да дегустираат храна од повеќе светски кујни. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека се очекува добра посетеност, одлична забава и фестивалот да продолжи да се развива како традиционална манифестација, која ќе ја збогатува понудата на градот. 

-Граѓаните на општина Штип, но и сите гости од страна, во следните неколку денови ќе имаат можност добро да се забавуваат со богата музичка програма, да имаат можност да пробаат, да вкусат храна од многу светски кујни. Посакувам да има добра потрошувачка, одлична забава и сето ова да продолжи како една традиција, во насока на збогатување на понудата, која како град ја нудиме на нашите сограѓани, но и на сите гости, кои доаѓаат од страна – рече Јорданов.

Тој додаде дека на градот му се потребни вакви настани кои го збогатуваат општествениот и забавниот живот. 

Реклама

-Верувам дека сите потребни подготовки ќе се навреме изреализираат за да сето она кое е предвидено и замислено на шеталиштето „Ванчо Прќе“ од петок до недела да се реализира, програмата која ќе имаат можност нашите сограѓани да  ја проследат, да уживаат во неа и во богатата понуда на светски кујни, кои верувам организаторите ќе се погрижат да обезбедат со соодветни штандови, за да има соодветна понуда. Во име на ова сакам да се заблагодарам и на организаторите кои втора година по ред се се во Штип на овој уличен фестивал, додаваат вредност во нашиот град со  ова и навистина во еден ваков период, кога полека завршува и учебната и академската година, на Штип му се неопходни вакви настани – рече Јорданов.