Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Во Прилепско 154 земјоделци поднесоа барања за обештетување, најмногу на пиперката ајварка и тутунот

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во Прилепско на 24…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во Прилепско на 24 август. До крајниот рок, 1 септември, се поднесени 154 барања на земјоделците за причинетите штети на тутунот и на црвената пиперка – ајварка. 

-Барањата ги поднесоа земјоделците од реоните на населените места Мало и Големо Коњари и Мажучиште. Првичните проценки укажуваат дека од 30 до 40 проценти има штети кај тутунот, а многу поголеми, од 60 до 80 проценти се штетите на насадите со црвената пиперка – ајварка, вели Николче Карапеески, претседател на Комисијата за проценка на штети и раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.

Комисијата е постојано на терен и веќе 70 проценти од  поднесените барања се проценети.

Реклама

-Очекуваме до крајот на неделава да заврши проценката на теренот. Потоа ќе се подготви елаборатот кој ќе чека усвојување од Општинскиот совет за потоа да биде доставен до Владата која го дава крајниот збор за процентот на обештетување на земјоделците, објаснува Карапеески.

Инаку, невремето од 24 август проследено со дожд, силен ветер и град направи големи штети и во Општина Долнени каде најмногу настрада тутунот, од 50 до 100 проценти. Тоа, според Сојузот на земјоделските здруженија, ќе доведе до намален род на тутунот годинава и од предвиените околу 30 000 тони, родот ќе биде на околу 25 до 26 000 тони.

Сојузот ќе бара и да се промени начинот на осигурувањето на родот како порано. Со склучувањето на договорите за производство да се осигурува и родот, а осигурителните компании да ја добиваат лиценцата откако ќе се обврзат дека барем 5 проценти од посевите во земјава ќе ги осигураат.