Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Прилеп одбележани 25 години од Карпалак: Нивната жртва е темел на нашата одговорност

Прилеп достоинствено одбележа 25 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп достоинствено одбележа 25 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак. 

Прилеп и Македонија никогаш нема да ги заборават своите херои, во спротивно, ги губиме корените. Нивното херојско дело е врежано во нашата меморија, а нивната жртва нѐ обврзува, беа дел од пораките испратени од централното чествување во Прилеп. 

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески порача дека на 8 август 2001 година во кукавички терористички напад кај месноста Карпалак, на конвој со над 100 прилепски резервисти животот го загубија 10-те македонски херои. Згаснаа прерано младите животи кои несебично се жртвуваа за одбрана на суверенитетот и интегритетот на државата. Нивното херојско дело е врежано во нашата меморија, а нивната жртва нѐ обврзува. 

Реклама

– Како што хероите на Карпалак несебично застанаа во одбрана на државата, денес сме должни со иста таква посветеност, решителност и мудрост да се соочиме со сите предизвиците кои ги носи сегашноста и иднината. Жртвата на бранителите ни дава обврска и храброст да успееме во тоа а нашата цел и успех е само една – Европска и просперитетна Македонија, рече Ристески.

Прилеп и Македонија никогаш нема да ги заборават своите херои, во спротивно, ги губиме корените. Нивната жртва е темел на нашата одговорност. 

-Карпалак останува болно сведоштво за цената на слободата. Но, Карпалак е и место од кое извира една голема вистина, дека Македонија секогаш имала луѓе кои биле подготвени да ја стават татковината пред себе. Денеска сме тука за да покажеме дека времето не ја намалило нашата благодарност и дека споменот не избледел и дека жртвата на нашите херои останува дел од идентитетот на македонската држава, порача Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп. 

Денеска почит на загинатите им беше оддадена и на нивните вечни почивалишта на гробиштата во Прилеп и во населените места. А делегации беа и на месноста Карпалак каде во заседата на 8 август 2001 беа убиени 10-те прилепски бранители. На Карпалак загинаа: Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски. 

Во воениот конвој кој пред 25 години тргна за Тетово беа 108 воени резервисти. Десет бранители загинаа во заседата. Од преживеаните 100-тина, денес се живи 80-тина.