Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во пехчевското село Негрево одбележан Денот на Европскиот зелен појас

Со мотото „Откриваме и вкусуваме приказни од Малешево“, во пехчевското село Негрево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мотото „Откриваме и вкусуваме приказни од Малешево“, во пехчевското село Негрево се одржа настан по повод одбележувањето на Денот на Европскиот зелен појас (Green Belt Day) . Настанот го организираа здружението „Амброзија“ од Пехчево и здружението „Биоматера“ од Бугарија, со учество на околу 30 претставници од двете земји.

Манифестацијата која се одржува секоја година при крајот на септември беше посветена на запознавање со природното богатство на Малешевијата и значењето на зелените појаси како простор за поврзување на луѓето, природата и прекуграничните заедници.

Учесниците реализираа теренска прошетка по Патеката на Петко до локалитетот Јудови Ливади, каде што се наоѓа специфичното тресетиште – живеалиште на реткото инсектојадно растение муволовка (Drosera rotundifolia), кое е еден од препознатливите природни симболи на Пехчевскиот регион.

Реклама

Во рамки на настанот се одржа презентација за значењето на Европскиот зелен појас и беше потпишан Меморандум за соработка меѓу „Амброзија“ и „Биоматера“ за идни заеднички активности насочени кон зачувување на природата и развој на прекуграничната соработка.

Посетителите имаа можност да дегустираат и традиционални гастрономски специјалитети од регионот. Активноста се надоврза на претходниот Проект за зачувување на автохтоните сорти овошки од Малешево и Беласица, во чии рамки беа реализирани мапирање на старите сорти, обуки за ревитализација на оштетени дрвја и калемење.

Европскиот зелен појас се одбележува секоја година во септември со цел промоција на природното и културното наследство долж поранешната Железна завеса.