Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Во Пехчево почна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“, улицата затворена до 18 август

Во Пехчево започна реализацијата на проектот за изградба на атмосферска канализација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пехчево започна реализацијата на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, со кој треба да се подобри системот за одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на овој дел од градот.

Од Општина Пехчево информираат дека проектот предвидува изградба на нова атмосферска канализациска мрежа, поставување ревизиони шахти и изведба на останатите градежни работи согласно проектната документација. Со реализацијата се очекува поефикасно одведување на дождовните води, како и подобра заштита на локалната инфраструктура и имотот на граѓаните.

Поради изведувањето на работите, улицата „Илинденска“ е целосно затворена за сообраќај до 18 август. Во наведениот период нема да биде дозволено движење на моторни возила, освен за механизацијата ангажирана на градилиштето и службите за итна интервенција, согласно условите на терен.

Реклама

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните да ја почитуваат привремената сообраќајна сигнализација, да ги користат алтернативните сообраќајни правци и да покажат разбирање за времените ограничувања, со цел градежните активности да се реализираат безбедно и во предвидениот рок.

Од Општина Пехчево посочуваат дека изградбата на атмосферската канализација претставува долгорочно решение за проблемите со одведување на атмосферските води и е дел од инвестициите за унапредување на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на жителите.