Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Бутел ќе учат само оние првачиња од Чаир чии браќа и сестри веќе учат во тоа училиште 

Во  ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Бутел ќе биде дозволено да се запишуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во  ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Бутел ќе биде дозволено да се запишуваат првачиња од Чаир, само оние чии повозрасни браќа и сестри веќе учат во оваа училиште, соопшти министерката Весна Јаневска по реакциите дека ова училиште, кое граничи со Чаир, не запишува првачиња од оваа соседна општина. 

За други првачиња од Чаир кои живеаат во близина на училиштето „Пенко“ ќе нема отстапка и настава ќе треба да следат во некое од училиштата во нивната општина. Јаневска апелираше да се почитува реонизацијата, но додаде дека за добри услови на децата може, ако е потребно, да се отвори нова паралелка и во следното најблиско училиште на територијата на Чаир. 

– Во училиштето „Пенко“ во Бутел ќе има четири паралелки на албански јазик и една паралелка на македонски јазик за ученици од општина Бутел. Исклучок ќе се направи за оние деца (од Чаир) чии постари браќа и сестри учат во тоа училиште. Кажав вчера и денес повторувам – почитувањето на законот и реонизацијата е единствен начин ние да ги избегнеме проблемите. Ако почнеме да менуваме односно да се обидуваме да го избегнеме законот, ќе имаме проблеми. Доколку има потреба, во најблиското следно училиште, кое е на 450 метри, ќе отвориме уште една паралелка, ако има можности ќе доградуваме, сè што треба ќе направиме само децата да имаат убави услови за учење, истакна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ОУ „Киро Глигоров“.

Реклама

Компромисната одлука за отстапка само за првачиња кои имаат сестри и браќа кои веќе учат во „Петар Здравковски-Пенко“ ја потврди и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, според кого тоа е добра волја за да не му се дава етнички предзнак на ова прашање, како што се случува деновиве. 

– Ова нема никаква врска со тоа што некој се обидува да го претстави. Реонизацијата е изгласана и од Советот на Општина Бутел. Одредени политички структури, кои се обидуваат во јавноста да постигнат нешто, не гласаа против таа одлука, можеби беа воздржани. Во тој период тоа помина сè како што треба и сега одеднаш проблем, изјави Костовски на нстан во ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани во општина Бутел. 

Како што рече, во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ четирите паралелки сега имаат по 23-24 првачиња, а до лани биле пет паралелки со по 35-36 ученици и наставата не била квалитетна.

– Зошто и родителите од Бутел, чии деца учат во „Пенко“, не се прашаат каква настава сакаат? Тие сакаат квалитетна настава. Воедно ги има сите потребни услови во општината од каде што доаѓаат овие ученици, има училиште на само 400 метри од ОУ „Петар Здравковски-Пенко“, додаде Костовски.