Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од граѓаните што ќе излезат на изборите. 

Гласањето почнува во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација. 

Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 82 870 граѓани со право на глас, 78 185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4 604 гласачи.

Реклама

Во Маврово Ростуше има 40 избирачки места, а во Избирачкиот список се запишани 10 575 избирачи, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, а во странство 951.

Во Врапчиште на 39 избирачки места треба да гласаат 27 279 граѓани, од кои 26 318 се постојани жители на Општината, додека во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950.

Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562, од нив 6 305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1257 лица. Таму ќе се гласа на 16 избирачки места. 

Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците. 

Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии. 

Според податоците од ДИК, во овие четири општини во првиот круг на 19 октомври лани не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.