Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Во Охрид се одржа БТА Балканското триатлон првенство под покровителство на Министерството за спорт

Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт. На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.

На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци во различни возрасни категории.

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните балкански триатлонци.

Реклама

Од Триатлон федерацијата на Македонија изразија благодарност до Министерството за спорт за добрата соработка и поддршката во организацијата на БТА Балканското триатлон првенство во Охрид.

Триатлонот е атрактивен олимписки спорт кој обединува три дисциплини – пливање, велосипедизам и трчање, кои натпреварувачите во текот на трката ги изведуваат последователно без прекин што бара исклучителна физичка подготвеност, издржливост и ментална сила.

Покрај натпреварувачкиот апсект, БТА Балканското триатлон првенство претставува и значаен придонес за промоција на Охрид и на Македонија како атрактивна спортско-туристичка дестинација.