Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во МОН промовиран првиот том од Македонскиот етимолошки речник

Проф. Гоце Цветановски, научен советник  во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проф. Гоце Цветановски, научен советник  во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, кој по три години работа, го подготви првиот том од Макеоднскиот етимолошки речник (А – Ж), прв во државата, денеска ѝ врачи примерок од изданието на министерката Весна Јаневска во знак на благодарност за поддршката од Министерството за образование и наука во реализацијата на проектот. 

Цветановски соопшти дека во првиот том се обработени 2.560 заглавни зборови, а заедно со семантичките и етимолошките гнезда во овој том се опфатени 10.000 зборови.

– Тоа е нешто што ретко кој може да се пофали да го направи за толку кус период. На овој речник деноноќно работев три години, а претходно имаше подготовка во период од шест месеци за изучување на метологијата, концепцијата за овој речник. На Балканот ние бевме единствениот народ и јазик што досега немаше етимолошки речник. Македонскиот јазик досега најчесто се третира како јужнословенски јазик, но јас ќе напоменам дека тој во науката е дефиниран и како балкански јазик, со оглед на тоа што ги поседува сите структурни особености на балканските несловенски јазици. А во овој речник првпат ќе најдете толкувања за зборови што досега ниеден етимолошки речник не ги протолкувал, кои влечат далечни корени – рече Цветановски. Тој работи на следниот том и, како што рече, неговото објавување се очекува по три-четири години. 

Реклама

Македонскиот етимолошки речник е меѓу научноистражувачките проекти што беа финансирани во 2025 од буџетски средства. Министереката Јаневска истакна дека излегувањето на првиот том е од огромно значење за македонскиот јазик, литературата и науката.

– Целиот проект за прв ваков речник е доказ дека кога државата вложува во наука, а научните работници со посветеност истражуваат и создаваат нови вредности, тогаш имаме значајни и трајни резултати. Министерството за образование и наука има полна поддршка од Владата да ги зголемува вложувањата во научни истражувања. Лани со 374 милиони денари беа финансирани 40 научноистражувачки проекти на државните универзитети и факултети, на научните институти и на МАНУ, а во наредниот период ќе се вложуваат уште повеќе пари во науката и истражувањата. Минатата година буџетот за наука беше речиси двојно поголем од 2024 и изнесуваше 680 милиони денари, а оваа година се обезбедени 773 милиони денари – соопшти Јаневска на промоцијата на Речникот во МОН. 

Таа порача дека државата „мора да се сврти кон науката ако сакаме да направиме исчекор од досегашниот тек на работите во сите сфери“.

– Премногу долго сме заробени во инерција, навики и модели што не носат напредок. Светот, па и регионот, одат напред со брзи чекори, а ние не смееме да си дозволиме само да ги гледаме. Финансирањето издржани научни проекти веќе нема да биде проблем. Заедно со новите закони за високо образование, за научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование ќе се создаде добра основа за развој на науката и истражувањата и важно е само научниците и професорите да сакаат да творат – додаде министерката Јаневска.