Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска со отворање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска со отворање на изложбата од Јад Вашем – Израел, насловена „Аушвиц – место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, која претставува единствена визуелна документација за страдањата на Евреите депортирани во Биркенау, е одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот.

Како што објави на неговиот Фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тој во неговото обраќање ја истакнал важноста од паметењето на трагичните настани од Холокаустот и оддадов почит на жртвите, особено на македонските Евреи кои во 1943 година беа депортирани во Треблинка.

„Нагласив дека, како полноправна членка на ИХРА, нашата држава останува посветена на борбата против антисемитизмот и искривувањето на историските факти. Верувам дека преку доследна едукација на младите генерации ќе можеме да спречиме антисемитски акти и омраза во сите нивни форми. Овој ден е потсетник на нашата должност да се спротивставиме на предрасудите и омразата, но и можност да го потврдиме нашиот заеднички ангажман во зачувувањето на вредностите како плурализмот, разновидноста и слободата. Се надевам дека преку вакви активности ќе продолжиме да го негуваме сеќавањето и да го пренесуваме значењето на оваа трагедија на идните генерации“, напиша Муцунски на фејсбук.