Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Во Македонија засега е стабилно: Дневно има по 20-тина пожари, но сите се под контрола поради итните интервенции

Жешкото време не попушта и секоја искра може за миг да прерасне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жешкото време не попушта и секоја искра може за миг да прерасне во нов пожар. Надлежните постојано се на терен и реагираат и засега успешно се справуваат со сите предизвици. Во моментов на територијата на Македонија активни се пет пожари на отворен простор и сите се ставени под контрола. За викендот беа регистрирани триесетина, а најкритично беше во Струга и Кавадарци. Иако беше ставен под контрола, пожарот во околината на Кавадарци, повторно се реактивираше. Гори на тешко пристапен терен, па во гаснењето се активирани два од трите ер трактори. Надлежните се сомневаат дека огнот првично бил намерно подменат на пет различни локации. Едно лице е приведено и се наоѓа во полициска станица.

„Имаме осомничено лице за подметнувањето на вчерашниот пожар кој што во овој момент се наоѓа во просториите на кавадаречката полиција и верувам дека ќе бидат обезбедени докази“, изјави Стојанче Ангелов – Раководител на Главен штаб за кризи

Поради ризикот од нови пожари, Владата на 1 август прогласи кризна состојба на целата територија. Дирекцијата за заштита и спасување, во координација со општините, армијата, полицијата и противпожарните едници будно ја следат состојбата и интервенираат каде што е потребно.

Реклама

„Кризната состојба овозможува многу пофункционална координација помеѓу сите државни институции кој што учествуваат во процесот на гасење на пожарите, но и во нивната превенција. Така што во овој момент надлежен за гаснење на пожарите на целата територија за координација е главниот штаб кој што се наоѓа во ЦУК“, изјави Стојанче Ангелов – Раководител на Главен штаб за кризи.

Во моментов државата располага 900 пожарникари, 40 специјални возила, 20 пинцгауери, 15 оклопни транспортери БТР-80ки, 5 хермелини со цистерни и три ер-трактори. Едниот од авионите кој беше оштетен, повторно е ставен во функција. Во гаснењето учествуваат и два полициски хеликоптери, а еден се користи за набљудување. Исто така во извиднички мисии се користи и спортски авион. Но, надлежните повторно апелираат граѓаните да бидат внимателни и одговорни. Да не се фрлаат отпушоци насекаде и да се палат скари и огнови на отворено. Поради сувата вегетација постои огромен ризик да се предизвика голем пожар. Доколку забележат чад или пожар веднаш случајот да го пријават.