Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Во Македонија се дискриминира за сѐ, но најмногу со навределиви зборови за Албанците, Ромите, но и за Македонците

Дерогативните називи за Албанците и Ромите, но и за Македонците се најчестата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дерогативните називи за Албанците и Ромите, но и за Македонците се најчестата причина за дискриминација во првите шест месеци од годинава. Или користењето на таквите погрдни зборови, дискриманација при вработување, платата или во пристапот до услуги поради национална или етничка припадност,  најчесто биле пријавувани до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Од јануари до јули стигнале дури 208 претставки по 22 основи, а во 32 случаи се утврдило дека имало дискриминација.

Една четвртина од вкупните претставки биле токму за дискриминација од националната или етничката припадност. Се дискриминарало и за политичко уверување, за образование и за верското уверување, па дури и навреди за здраствена состојба.

– „Потоа следат пријавите врз основа на:

Реклама
  • лично својство и општествен статус – 36 претставки или 17%;
  • политичко уверување – 26 претставки или 13%;
  • образование – 20 претставки или 10%;
  • попреченост – 15 претставки или 7%;
  • пол – 13 претставки или 6%;
  • припадност на маргинализирана група – 13 претставки или 6%;
  • религија или верско уверување – 13 претставки или 6%;
  • здравствена состојба – 13 претставки или 6%“ велат од Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Имало и пријави за дискриминација по основа на јазик, социјално потекло, боја на кожа, раса, род, родов интентитет, па и сексуална ориентација, но тие се најмалку. Општо и генерално за сите дискриминацијата се случувала на работните места. На работа се случиле 97 од вкупно поднесените 208 претставки, или 47%.

Потоа следат пријавите во областа на:

  • јавно информирање и медиуми – 25 претставки или 12%;
  • образование, наука и спорт – 21 претставка или 10%;
  • пристап до добра и услуги – 18 претставки или 9%;
  • социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита – 16 претставки или 8%;
  • правосудство и управа – 14 претставки или 7%.

Според Комисијата, нема драстична промена во бројот на пријавите за првите шест месеци спроредено со минатите години. 7 проценти помалку пријави стигнале годинива за разлика од јануари до јули лани.

  • „Во претходниот тригодишен период, бројката на добиени претставки во првите шест месеци била: 164 во 2023 година, 213 во 2024 година, 224 во 2025 година, 208 во тековната 2026 година“ стои во одговорот од Комисијата.
https://youtu.be/C7eJxxwGzwU