Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Во Крива Паланка со повеќе активности одбележан Денот на пожарникарите

Со донации, опрема и униформи за Територијата противпожарна единица,  едукативна тактичко -показна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со донации, опрема и униформи за Територијата противпожарна единица,  едукативна тактичко -показна вежба за гасење пожар на отворен простор и крводарителска акција, во Крива Паланка денеска достоинствено беше одбележан 20 Мај, Денот на пожарникарите.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, при посетата на ТППЕ Крива Паланка упати искрени честитки и длабока благодарност до сите пожарникари, херои и спасители, кои, како што рече, секојдневно, храбро и несебично стојат во одбрана на човечките животи, домовите и природните богатства. 

-Нивната пожртвуваност, истрајност и посветеност ја сведочиме постојано и за тоа секогаш сме им посебно благодарни, а истите, особено дојдоа до израз во борбата со огнената стихија што ја зафати Крива Паланка минатата година, кога со денови и ноќи беа на терен, борејќи се со пламените јазици, штитејќи ги градот и граѓаните. Ме радува што токму на овој ден, преку донации од општествено одговорни компании, беше дадена силна поддршка за оние кои секогаш се први кога е најтешко. Ова е гест што значи многу, поддршка, почит и благодарност кон луѓето кои секогаш се лице во лице со опасноста, ставајќи се на располагање на заедницата, рече Митовски.

Реклама

Посочи дека 20 Мај е потсетник за огромната улога и важност на пожарникарите во општеството, но и ден кога сите заедно им оддаваме заслужена почит и благодарност. 

Традиционално, по повод 20 Мај, во просториите на ТППЕ Крива Паланка, се одржа и крводарителска акција во соработка со Црвен Крст на Република Македонија – општинска организација Крива Паланка и Институт за трансфузиона медицина Скопје, на која собрани се рекордни,101 единица крв.

-Благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа на Општина Крива Паланка за соработката и поддршката, како и до општествено-одговорните компании што и годинава донираа опрема за нашите вработени. Неизоставен дел беа и активностите за претставување на нашата работа пред заедницата и младите. Со едукативна тактичко-показна вежба за симулација на пожар на отворен простор, спроведовме едукација во природа за превенција од пожари и реакции во итни ситуации. Актовноста се одржа во околината на село Дрење, кривопаланечко, во соработка со Европската куќа Крива Паланка. Учесниците имаа можност да научат: како да реагираат при пожар во природа, основи на противпожарна заштита, техники за безбедност и прва помош, практична симулација и тимска координација на терен, додека во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, одржавме активности за развој на пожарникарството преку натпревари во повеќе дисциплини со функционална моторика за ракување со противпожарни апарати и средства, додаде Коцевски.