Реклама
Економија

Во Крива Паланка интензивно се работи на реализиација на повеќе капитални инфраструктурни проекти

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски изврши увид во работата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски изврши увид во работата на повеќе инфраструктурни проекти во општината што се реализираат, како што истакна, со засилена динамика, а се проекти што ги менуваат изгледот и функционалноста на градот. Од службата за комуникација со јавност информираат дека овие проекти се од стратешко значење за локалниот развој.

-Во фокусот на теренските активности е комплетната реконструкција на централната улица „Св. Јоаким Осоговски“, проект што опфаќа асфалтирање и изградба на атмосферска канализација во должина од околу 2.000 метри. Со реализацијата на овој зафат, главната сообраќајна артерија во градот добива современо и функционално инфраструктурно решение, што ќе придонесе за побезбеден, модерен и поквалитетен урбан простор. Градоначалникот Митовски изврши увид и во активностите за уредување на мајор корито на Крива Река, проект со кој запоставениот простор прераснува во современо урбано обележје и нов јавен простор за граѓаните, додека реконструкцијата на локалниот пат кон туристичкиот локалитет Калин Камен е инвестиција што ќе овозможи подобра сообраќајна поврзаност и дополнителен развој на туристичките потенцијали на регионот, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во тек е и изградбата на „Адреналински парк – Калин Камен“, што се очекува да прерасне во нова туристичка и рекреативна атракција со регионално значење.

Реклама

-Крива Паланка се развива со работа, посветеност и конкретни резултати. Продолжуваме со силна динамика да инвестираме во модерна инфраструктура, урбан развој и проекти што директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, истакна градоначалникот Митовски.

Посочи  дека со реализација на овие капитални инвестиции, Општина Крива Паланка продолжува да гради современ, функционален и урбан развој и да работи на создавање подобри услови за живот, развој на туризмот и одржлив локален напредок.

Во општината тековно се работи и на партерно уредување на дворот на ЛУ Градски музеј, со што градот добива нов современ и функционален културен простор наменет за граѓаните и посетителите.