Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Ѓорѓиески: Мостот на „Љубљанска“ со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки треба да биде пуштен во употреба до крајот на годинава

Мостот на „Љубљанска“ со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мостот на „Љубљанска“ со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, треба да биде пуштен во употреба до крајот на годинава, со што ќе се воспостави нова сообраќајна врска меѓу улиците „Љубљанска“ и „Скупи“.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“, чија реализација продолжува по обезбедувањето на потребните согласности за локалитетот Скупи.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски станува збор за значаен инфраструктурен проект кој треба да обезбеди подобро поврзување на западниот и северниот дел од градот, полесен пристап до Злокуќани, Бардовци и индустриската зона, како и растоварување на сообраќајот на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“.

Реклама
Акциите за отстранување на дивите продавачи и воспоставување ред на пазарите и во нивната околина ќе продолжат и во наредниот период, не само во Чаир, туку и во други општини и во околината н

Тој информира дека мостот се гради со коловоз широк 12 метри и четири сообраќајни ленти на површина од 5.350 квадратни метри. Од двете страни се предвидени пешачки и велосипедски патеки широки по два метра, со вкупна површина од 3.815 квадратни метри.

Во рамки на проектот, како што посочи, изградени се потпорни ѕидови, атмосферска канализација во должина од 473 метри и нов систем на улично осветлување со 40 столбови.

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, пак рече мостот е еден од клучните проекти што се реализираат во изминатите десетина месеци со поддршка од Владата и во соработка со Град Скопје.

-Станува збор за проект што ќе придонесе за подобри услови за живот на граѓаните и очекуваме да биде завршен до Нова година. Во изминатите 10-11 месеци реализиравме бројни активности и проекти и очекувам тие да продолжат со исто темпо и во иднина – истакна Лукровски.

Тој посочи дека меѓу Град Скопје и Општина Карпош постои редовна комуникација и координација по повеќе прашања поврзани со комуналната инфраструктура, урбанизмот и уредувањето на јавните простори.

На увидот беше посочено и дека паралелно се реализира проект за нов парк во Карпош на површина од 70.000 квадратни метри, како и активности за уредување на кејот на Вардар.