Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Кочани се одржа 45. Марш за ангелите

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања.

-Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се постапува професионално, навремено и еднакво кон сите. Никој не спори дека спасувањето е човечка должност. Но оваа постапка не се води за тоа што се случувало откако пожарот веќе започнал. Прашањето е дали секој што имал службени обврски и законски овластувања – ги извршувал така како што се очекува од институција, рече од пред зградата на Полициската станица во Кочани, Розета Џамова, сестра на починато момче.

– Во судница слушавме расправа за минути. Дали било 2 : 22 или 2 : 23. Кој кому се јавил. Колку пати. Кој дал усна наредба. Кој не потпишал писмена. И во еден момент остана впечаток дека најголемата трагедија не е што 63 луѓе не се вратиле дома. Туку што часовникот не бил прецизен, нагласи Џамова.

Реклама

Според неа и родителите прашањето не е што се правело откако почнал пожарот, туку дали било направено се што било должност да се направи за до него воопшто да не дојде.

Александар Наунов, претседател на ЗГ „16 март 2025 Кочани“, од пред Судот во Кочани изјави дека никој не бара пресуда без докази, ниту некој бара улицата да суди. 

-Но, ако обемноста на доказите е проблем, тогаш прашањето не е зошто ги има толку. Прашањето е – како толку години системот преминувал преку толку  неправилности и проблеми, рече Наунов.

Денеска на 45. Марш за ангелите во Кочани присутни беа претставници на Сојузот на борците од НОБ од Скопје во знак на поддршка на родителите на починатите. После маршот заминаа да насадат млади садници кај спортската сала на ОУ „Никола Карев“ што го носи името „Кочански Ангели“.