Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Карпош се реализираше акцијата „Заедно за почист Карпош“

Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош. Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош, информира Општина Карпош во соопштение.

На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош. Во акцијата активно учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација беше дел од работните тимови и лично се вклучи во чистењето. „Заедно за чист Карпош!“ е пример за заедничка посветеност, одговорност и директна работа во интерес на граѓаните.

Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница. Општина Карпош упатува благодарност до сите карпошани кои денеска се приклучија на акцијата и со своето учество дадоа придонес кон почист, поуреден и поубав Карпош. Заедно за почист, поуреден и поубав Карпош!

Реклама