Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени 1.022.217.192 денари ( 16,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола ). 

Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во јули изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

Активности има за делниците Тетово-Гостивар (18 километри), Гостивар-Букојчани (30 километри)  и Прилеп-Битола (40 километри), додека за четвратата делница Требеништа – Ќафасан (22 километри) треба да се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

Реклама

Според Извештајот, во тек се работи на пет мостови, четири надвозници и два подвозници. До крајот на јули годинава, извршени се ископувања на  3,2 милиони метри кубни земја и вградени се 706.500 метри кубни материјал за пополнување

Во активностите, изведувачот заклучно со јули ангажирал 2172 лица и 1181 градежна машина.

Од почетокот на годинава,  кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари и во јуни од  830.336.364 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра.

Активности на терен согласно со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра се спроведуваат од 22 април 2023 година.