Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани)  и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите во септември, што Јавното претпријатие за државни патишта го објави денеска на својата веб-страница, покажува дека за предвидените активности на терен биле ангажирани 2277 лица и 1244 градежни машини.

Продолжиле работите за поставување столбови,темели, греди на мостови, надвозници и подвозници на  делницата Тетово – Гостивар (18 километри), Гостивар – Букојчани (30 километри) и Прилеп – Битола (40 километри). Во тек се работи на шест мостови, седум надвозници и три подвозници. 

Реклама

До крајот на септември извршени се  ископувања на  4,1 милион метри кубни земја и 1,0 милиони метри кубни материјал за пополнување.

Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1.200.875.741 денари. Претходно имаше две исплати во април од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари и по една во мај од 681.026.665 денари во јуни од  830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра.

Договорот со „Бехтел и Енка“ е во вредност од 1,3 милијарди евра, а работи на терен се спроведуваат од 22 април 2023 година.