Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите од изборите во Брвеница: Аркин Јахији – градоначалник на општината

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност на резултатите од вториот круг предвремени избори во Брвеница, врз основа на записникот добиен од Општинската изборна комисија на Брвеница, во кој се констатира изборот на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. Со усвоениот заклучок на ДИК, Аркин Јахији од НАИ е градоначалник на Брвеница. 

-Во рок од 24 часа од приемот на решението по приговорот за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите преку ДИК до Управниот суд не е поднесена тужба и со тоа се исцрпени сите правни лекови во однос на постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати, по што се исполнети законските услови ДИК да донесе заклучок за објавување конечност на резултати од спроведените предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница, рече претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ.

 Членовите на ДИК на 28. седница усвоија и заклучок дека на 6 ноември 2026 се завршени предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.  

Реклама

Маричиќ му го честиташе градоначалничкиот мандат на Јахији, а на Општинската изборна комисија Брвеница – успешно спроведените избори во двата круга, на 18 октомври и 1 ноември 2026.