Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

Изминатото деноноќие регистрирани се повеќе случаи на семејно насилство, меѓу кои физички напади и случаи на демнење во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје, при што против едно лице е поднесена кривична пријава, а две лица се лишени од слобода. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ОВР Виница поднесе кривична пријава против Н.П. (37) […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатото деноноќие регистрирани се повеќе случаи на семејно насилство, меѓу кои физички напади и случаи на демнење во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје, при што против едно лице е поднесена кривична пријава, а две лица се лишени од слобода.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ОВР Виница поднесе кривична пријава против Н.П. (37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Пријавениот, на 22 мај во семејната куќа во виничко село, физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Виница.

По пријава од поранешни партнерки, пак, вчера во Тетово биле две лица лишени од слобода.

Реклама

– Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 15:30 часот го лишиле од слобода Ј.С. (58), по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга. Таа пријавила дека во неколку наврати била следена, вознемирувана и ѝ биле упатувани закани по безбедноста со барање повторно да живеат заедно. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава … Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишиле од слобода С.К. (30) од Скопје. Постапувајќи по пријава од 30-годишна тетовчанка, со која порано биле во врска, тој во неколку наврати истиот ден ја следел и барал од неа повторно да бидат заедно – стои во соопштението на МВР.

Физички напади меѓу сопружници и партнери, исто така, се регистрирани и во Гевгелија и Скопје.

– Во Гевгелија, синоќа во 21:15 часот во Полициската станица Гевгелија, 23 -годишна жителка на Гевгелија пријави дека околу 20:00 часот на улица во Гевгелија нејзиниот сопруг Т.М. физички ја нападнал. Т.М. е повикан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава … Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 05.06.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата вонбрачна партнерка К.П.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението на МВР.