Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Во Дебар вечерва трето запрашување против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа мерка, вечерва ќе биде спроведено запрашување против комарци. 

– Станува збор за третото програмско запрашување против комарци, кое ќе се реализира вечерва од 18 до 6 часот наутро.  Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата, информираа од општината.

Поради тоа, пчеларите и пчеларските задруги се советуваат да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Реклама

– Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи кои ќе спроведат терестичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците. Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, посочуваат од општината.

Првата ваква акција беше реализирана на почетокот на јуни кога во рамки на програмата на општина Дебар за заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите, се реализираше и првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот. Втората систематска дезинсекција беше релизирана во средината на јули.