Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Во Дебар и Центар Жупа за гласање се пријавиле 95, а ќе гласаат 93 болни и изнемоштени лица

До општинските изборни комисии, во општините Дебар и Центар Жупа, барање да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До општинските изборни комисии, во општините Дебар и Центар Жупа, барање да го остварат своето право на глас, на 18 октомври, ден пред изборите, доставиле 95 болни и изнемоштени лица а прифатени им се барањата на 93 од нив.

– Барање, да гласаат во своите домови, имаа доставено 83 болни и изнемоштени лице, но, по разгледувањето, три од нив не беа прифатени поради некоплетна документација, што ќе рече дека ден пред неделниот изборен ден треба да гласаат 80 болни и изнемоштени лица. Во нашата општина на 19 октомври ќе се гласа на 27 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат над 19.762 граѓани, рече Рилинд Хаса, претседател на ОИК.

Според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, во општина Центар Жупа доставени се 12 барања и сите се прифатени.

Реклама

– Во нашата општина во сабота (18 октомври) правото на глас треба да го остварат 12 болни и изнемоштени лица, колку што и се пријавија. Во единствениот избирачки список се запишани се 7.551 лице со право на глас. Ќе се гласа на 16 избирачки места, идентично како и на изминатите изборни циклуси, рече Илјаз.

Првите луѓе на ОИК информираа дека во Дебар завршена е обуката за членовите на избирачките одбори, додека во Центар Жупа таа завршува во текот на утрешниот ден. Двете општини припаѓаат на Изборна единица број пет.