Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Во Битола се одржа панел дискусија за „Органодарителство во Македонија“

Лекари, трансплантациски експерти, но и лица донори на органи попладнево во Битола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекари, трансплантациски експерти, но и лица донори на органи попладнево во Битола одржаа јавна панел дискусија на тема „Органодарителство во Македонија“.

Учесниците на панелот јавно порачаа да се поддржи органодарителството и земјава според бројот на жители да се доближи до државите од регионот, како што се Хрватска и Словенија.

Во изјава за медиумите Маја Горјанова (44) од Битола, донор на орган, истакна дека личното донорство го спаси животот на нејзината ќерка.

Реклама

-Јас сум донор на орган, на дел од црн дроб за својата ќерка. Многу сум среќна што единствената шанса за спас на нејзиниот живот беше донорството, односно моето лично донорство. Мојата ќерка се роди со неразвиени жолчни канали кои понатаму го оштетија црниот дроб. Во таква ситуација мораше да се направи итна трансплантација и бевме упатени во Турција каде се изврши трансплантацијата. Чекањето на документација беше долг процес, но со одобрување на Фондот и со конзилијарно мислење ја реализиравме постапката. Со голема верба и надеж за нов живот успеавме со ќерката која тогаш имаше 7 месеци, а сега има 11 години и живее нормален живот. Апелирам до сите да го поддржат органодарителството бидејќи на тој начин се дава нов живот, нова шанса за живот, истакна Горјанова.

Експертите за трансплантации повикаа на мобилизација, да се помогне и интезивира органодарителството во Македонија кое е потребно на пациентите.

-Добро би било според органодарителството да се доближиме до земјите од регионот како што се Хрватска или Словенија каде според бројот на жители имаат најголем број на органодарители, беше нагласено на вечерашниот панел во Битола.