Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Битола пуштена во употреба Ресурна соба за ученици со посебни образовни потреби

Невладината организација „Hand to Hand“ од Шведска денеска во Битола донираше опрема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невладината организација „Hand to Hand“ од Шведска денеска во Битола донираше опрема за соба во основното училиште „Ѓорги Сугарев“ со Центар за подршка на ученици со посебни образовни потреби во Битола која ќе ја користат деца со попреченост и потешки образовни карактеристики.

Во изјава за медиумите, Марија Росенгрен, македонка која живее во Шведска, истакна дека донацијата е во вредност од 4.000 евра и е дел од континуирана поддршка за училиштето во Битола.

-Овој проект се подготвуваше цело лето и денеска се радуваме со постигнатиот резултат. Се што правиме, правиме со љубов кон децата, помагаме и така ќе продолжиме, нагласи Росенгрен.

Реклама

Ресурсната соба ќе ја користат 15 ученици од редовната настава на ОУ „Ѓорги Сугарев“-Битола, а новоопремената просторија ја користат околу 50 ученици од другите училишта во градот кои имаат потреба од дефектолошки, логопетски и други третмани.

-Ресурната соба ќе ја користат сите ученици кои се со атпичен развој. Ова ќе биде катче во кое секое дете ќе може да најде мир, спокојство и да се стекне со знаења. Според нас, не е инклузивно училиште тоа што треба да промовира инклузија, туку она кое создава и се стреми на секое дете да му овозможи убав престој во училиштето, посочи Билјана Темелкова, директорка на ОУ „Ѓорги Сугарев“ Битола.

Според Анета Христова, доктор на дефектолошки науки, логопет во Центар за поддршка во ОУ „Ѓорги Сугарев“, ресурсната соба ќе пружа услуги кои досега недостигаа, и притоа сите ученици со образовните асистенти ќе користат дидактички материјали за позитивни стимулации.