Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Битола почна со работа експертска група за заштита на моликата на Пелистер

Во Битола денеска почна со работа експертска работна група формирана од македонската Влада и со цел преземање мерки за заштита и унапредување на состојбата со моликата на Пелистер. Во изјава за медиумите, директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, истакна дека во работната група членуваат експерти од областа на животна средина и шумарство. -Во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Битола денеска почна со работа експертска работна група формирана од македонската Влада и со цел преземање мерки за заштита и унапредување на состојбата со моликата на Пелистер.

Во изјава за медиумите, директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, истакна дека во работната група членуваат експерти од областа на животна средина и шумарство.

-Во експертската група има луѓе кои се долгогодишни пријатели на Националниот парк и кои работеле научни трудови посветени на Националниот парк. Очекуваме квалитетни решенија и заклучоци кои ќе бидат испратени до Владата на Република Македонија, а потоа ќе се креираат стратешки документи. Работната група ќе изработи програма за заштита на моликовите насади и студија за обнова и ревитализација на моликовите насади, посочи Тошевски.

Реклама

Претставниците на повеќе релевантни институции, државни инспекторати, јавни установи кои управуваат со заштитени подрачја, како и други субјекти до крајот на август треба да обезбедат стручни и навремени решенија за зачувување на моликата, едно од најзначајните и напрепознатливите ендемични дрвја на Балканот и симбол на Пелистер, беше нагласено на првата работна средба на експертите во Битола.