Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Битола одбележана европската недела на мобилност

Општина Битола во соработка со повеќе граѓански организации, а во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола во соработка со повеќе граѓански организации, а во рамки на Европската недела на мобилност, одржаа два настани „Мапирање на мобилноста“ и „Битола во движење“.

Од Општина Битола информираа дека во „Мапирање на мобилноста” биле вклучени основци, средношколци и студенти, со своите ментори, мапираа што е проодно, каде има пречки и што може да се подобри низ улиците во градот, додека  во „Битола во движење” учествуваа различни генерации и различни корисници на градскиот простор – велосипедисти, корисници на тротинети, постари лица и лица со попреченост. 

– Како локална самоуправа неуморно работиме на подобрувањето на уличната инфраструктура од аспект на безбедноста, пристапноста и мобилноста. Општината имаше објавено јавен повик за искористување средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попреченост до и во нивниот дом. Исто така Битола за првпат доби велосипедски патеки во должина од пет километри, а се работи и на нови траси. Мобилноста не е иста за сите. Она што за еден граѓанин е лесен и прооден пат, за друг може да биде сериозна пречка. Затоа многу идеи и предлози досега реализиравме, токму тргнувајќи од потребите на граѓаните и така ќе продолжиме, истакна градоначалникот Тони Коњановски. 

Реклама

Тој додаде дека денешната активност во рамките на Европската недела на мобилност е додадена вредност на визиите да ги преточат во реални решенија. 

Завршниот настан од Европската недела за мобилност се одржа на платото од Офицерскиот дом во Битола.