Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Во Битола одбележан 20-ти мај, ден на македонските пожарникари

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај  – Денот на македонските пожарникари. 

На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица  цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила.

-Ова е најстарата противпожарна едница во Македонија и една од најстарите на Балканот, формирана во 1836 година. Генерации пожарникари ја граделе и одржувале оваа служба, која денеска претставува пример за организираност и постојана подготвеност за брзо и ефикасно делување. Како што е познато привршуваат работите на новата противпожарна зграда во некогашната касарна. Таа е изградена со средства од Општина Битола, а опремувањето ќе биде со средства од Министерството за одбрана на САД, истакна градоначалникот Коњановски.

Реклама

На денешната свеченост, Коњановски додели златни плакети од Општина Битола на Горан Димкоски за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето и на Костадин Поповски за посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола.