Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Во 2026 МНТ има за 56,8 отсто поголем буџет од лани, драстично зголемување за санација на објектот

Македонскиот народен театар во 2026 година има буџет од 14.473.400 денари, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот народен театар во 2026 година има буџет од 14.473.400 денари, што е за 56,8 проценти поголем буџет отколку во 2025 година, соопшти денеска на прес-конференција директорот Никола Кимовски. 

Тој информираше за премиерите што следуваат во оваа сезона, како и тие во новата сезона од есен, за копродукциските проекти, нагласувајќи дека се работи за интензивна и внимателно креирана програма. Ќе има и гостувања на ансамблот што придонесува за регионалнио и европско позиционирање на  МНТ.

-Покрај најтрофејните театарски уметници, во фокусот на програмата се и младите актери, новите режисерски имиња и независната продукција, со јасна намера театарот да биде отворена платформа и простор за генерациите кои доаѓаат, рече Кимовски. 

Реклама

Покрај премиери, копродукции, гостувања и отвореност за младите актери и независната сцена, со фокус кон зајакнување на малата сцена и патувачкиот театар, во оваа година МНТ доби и повеќе средства за санација на објектот.

Техничкиот директор на МНТ Гунтер Кубе на прес-конференцијата рече дека оваа година е драстично зголемен буџетот со што ќе се решаваат долгогодишните проблеми на МНТ – ќе се санираат левото и десното фоаје оштетени од прокиснувањето од терасите на објектот. 

-Годинава треба да се доврши северната тераса што  ја почнавме минатата година. Вторпат, меѓутоа овој пат многу посериозно, со изготвен проект бидејќи наидовме на многу кочници од градежната фела од која очекувавме поинаку да се постави кон задачите што ги добива и за кои имаме договори. Планот е таа тераса да се заврши до крајот на јуни, а во меѓувреме се планира и отпочнување на јужната тераса, која е исто така оштетена уште од примопредавањето на објектот. Но бидејќи е на јужна, потопола страна, тие проблеми се помалку изразени. Планираме и таа да се заврши, а воедно и ентериерот зашто покрај надворешноста треба да се заврши работата и внатре, рече Кубе.