Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Во ќелијата на Газда Деко пронајден мобилен, судијката му се закани дека ќе му забрани посети

Во ќелијата на газдата Дејан Јованов – Деко бил пронајден мобилен телефон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ќелијата на газдата Дејан Јованов – Деко бил пронајден мобилен телефон – првообвинетиот во случајот со пожарот во „Пулс“. Ова е втор пат да се најдат забранети предмети кај обвинети за трагедијата во кочанското кабаре. Судијката Дијана Груевска Илиевска веќе еднаш го предупреди на самица обвинетиот Џеваир Камбери во чија ќелија беа најдени 13 мобилни телефони и лаптоп комјутер. На Јованов, судијката му се закани со забрана за посети во затворот во Куманово каде издржува мерка притвор доколку повторно добие таква информација за него.  

Судењето продолжи со искази на тројца сведоци на обвинителството. Пред судот Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј кој загина во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, и на неговиот помал брат Кристијан, кој ја преживеа несреќата раскажа како семејството и денес се соочува со тешки последици — особено Кристијан, кој чувствува силна вина што не успеал да го спаси брат му.

„Кристијан денес има кошмари и вели: ’Тие 10 минути додека спасував други животи, можеби беа клучни за брат ми‘. Најтешка е тежината што ја чувствува за загубата…Животот ми е поделен на пред и по 16-ти март. Агонијата е се поголема. И сега, во овој момент, можам да кажам дека му завидувам на една личност која е најодговорна за смртта на моето дете – бидејќи неговиот син е до него, а моето дете не напушти“, сведочеше Марија Петрушева.  

Реклама

Габриела Наунова, мајка на починатата Надица Наунова, сведочеше низ солзи како, барајќи ја својата ќерка, кршела ѕид за да направи отвор за девојчињата заглавени во тоалетот.

„Во болницата ја однесоа Надица на хирургија. Медицинска сестра им кажала дека пулсот ѝ го вратиле. Јас најдов начин да ја видам преку стакло. Лежеше мртва на креветот, сама, без никого до неа… Многу е тешко да си го гледаш сопственото дете мртво!“, плачеше Габриела Наунова, мајката.

Ивана Минова, мајка на 16-годишната почината Драгана, денеска на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сведочеше за пеколот низ кој поминале со сопругот додека ја барале својата ќерка.

„Беше тешко да се гледа како млади деца се борат за своите животи. Некои од нив беа без облека. Излегов, го видов сопругот како седи до мојата ќерка. Беше со облека, се израдував, мислев дека е само онесвестена. Тој ја зеде Драгана во рацете. Ја качивме во кола, ја однесовме во болница. Таму глетката беше слична. Во ходникот на Брзата помош лежеа мртви деца. Насекаде крв, мирис на изгорени тела. Мислев дека Драгана ќе ги отвори очите. Лежеше на подот. Ја однесоа. Но, не на одделение, туку ја насочија кон мртовечницата. Драгана отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, сведочеше Ивана Минова мајката.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита. Следното рочиште е закажано за 14 јануари 2026 година и ќе продолжи сослушувањето сведоци на обвинителството.