Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Драчево ја добива битката со Западно-нилска треска: веќе дваесетина дена нема регистрирано нов заболен

Оптимистички податоци. Од 9 август до денес нема нов детектиран случај во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оптимистички податоци. Од 9 август до денес нема нов детектиран случај во Драчево кое беше најголемото жариште на Западно-нилска треска. Според здарвствените власти пикот е поминат, но претпазливоста останува. Значително поголемиот број случаи годинава во однос на истиот период лани не може едноставно да се објасни, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо, вели министерот   Клековски.  

-Ние имаме состојба каде оваа година имаме повеќе односно се приближуваме на вкупниот број на претходни случаи со 5 смртни случаи во претходните години. Јас го спомнувам примерот на 2017 година кога на европско ниво има колку претходните седум години– истакна министерот за здравство Сашо Клековски

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 пациент од кои  3 се сомнителни,  а 6 се на механичка вентилација . До сега се ргистрирани 53 случаи на Западно-нилска треска кои прележале или се сомнителни на вирусот.

Реклама

-Од овој вкупен број на 53, 52 се со нввроинвазивна форма, еден е без невроинвазивна форма и тој е межу тие што се сметаат за излекувани и отпуштени. Од овие 52 со невроинвазивна форма 51 биле третирани или сеуште се третираат во Клиниката за инфективни болести– истакна министерот за здравство Сашо Клековски

Според Клековски епидемијата спласнува поради вонредните дензинсекции во ризичните подрачја, особено прскањето од земја. Во иднина се планира да има само земјени прскања, зошто резултатите се поголеми. За точно и навремено информирање на јавноста отворена е и страна на Министерството за здравство каде во соработка со ИјЗ, ЦЈЗ,  Инфективната клиника ќе бидат и достапни  сите нови информации во однос на вирусот. До лекарите се апелира за пациентите кои примаат имуно терапија да се детектира болеста со повеќе теста бидејќи може да се случи да се покаже дека се нагативни на вирусот. Остануваат препораките до граѓаните да се заштитат од комарците и  доколку почувствуваат симптоми на вирусот веднаш да се јават кај својот матичен лекар.