Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДСM го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДСM се исплашени од неговите искази

Соработката и партнерството на СДСM со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработката и партнерството на СДСM со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДСM со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДСM и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДСM се во целосна конфузија и нервоза пoради стравот од сведочењето на Груби и евентуалните искази што би можело да допрат и до поранешни високи функционери на СДСM.

Изјавата на потпретседателката на СДСM, Јованка Тренчевска, дека одлуките на Владата биле колективни и дека доколку се утврди вина „сите треба да одговараат“, отвора сериозни прашања. Дали ова претставува индиректно признавање на одговорност? Дали станува збор за обид за релативизирање на индивидуалната вина?

Реклама

Дали СДСM застанува во одбрана на Артан Груби и дали раководството на партијата е подготвено да понесе колективна одговорност за одлуките донесени во време на нивното владеење?

Јавноста има право да знае. Дали СДСM го брани Груби во врска со наводите за штета од над 8 милиони евра врз државниот буџет?

Дали поранешните функционери се подготвени да застанат пред органите на прогонот и да ја докажат својата невиност?

Зошто по отворањето на случајот се менуваат ставовите и реториката?

Очекуваме надлежните институции да постапуваат професионално, транспарентно и без селективност. Одговорност мора да има, без разлика на функција, партиска припадност или политичко влијание.

Граѓаните заслужуваат правда, отчетност и целосна транспарентност.