Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се предвидува поддршка за повеќе од 3.500 лица.

Чекорите што ги презема Владата се насочени со посебен фокус кон младите. Оперативниот план за 2026 година има за цел да создаде долгорочни ефекти преку програми за самовработување, практикантство, обуки и мерки за зголемување на конкурентноста и вештините на работната сила.

Реклама

Предвидено е  стимулација за вработување на млади во производни капацитети, со што околу 3.500 млади лица до 23-годишна возраст ќе добиваат младински додаток во износ од 3.000 денари.

Во 2025 година за првпат беа воведени мерки што директно ги таргетираат младите, а тоа е важен чекор во справувањето со невработеноста.

Резултатите од Програмата за самовработување, преку која беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти, покажуваат дека ваквиот пристап има конкретен ефект во поттикнувањето на претприемништвото.

Оперативниот план за 2026 година опфаќа над 10.000 лица и предвидува буџет од речиси 40 милиони евра, при што значителен дел од средствата е насочен директно кон мерки за вработување.

Фокусот на младите останува конзистентен, со предвидено вклучување на 6.000 млади лица до 29 годишна возраст.

 Политиките на Владата во оваа област се насочени кон создавање поактивен и поинклузивен пазар на труд, со зголемена поддршка за младите, јасна ориентација кон економска стабилност и создавање услови за нивно задржување во земјата.