Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не е повеќе власт, а од 12 април и остатоците на неговите погубни политики ќе доживеат тежок пораз

Економијата во Македонија тоне. Погрешните економски политики, корумпираноста, расипништвото и неспособноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата во Македонија тоне. Погрешните економски политики, корумпираноста, расипништвото и неспособноста на Заев трета година по ред ја влечат надолу. Добрата вест е што Заев не е повеќе власт, а од 12 април и остатоците на неговите погубни политики ќе доживеат тежок пораз и Македонија ќе тргне напред, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-2019 година ја завршивме со 70 милиони евра помалку даночни приходи од планираните согласно извештајот на УЈП за изминатата година. По основ на прибирање на данок на добивка, прибрани се 24,49% помалку средства од планираните, а по основ на данокот на личен доход прибрани се речиси 2% помалку од планираното и покрај зголемената даночна стапка која важеше до октомври 2019 година. Кај данокот на додадена вредност прибрани се помалку средства во износ од 70 милиони евра. Дополнително растот на БДП во услови кога нема светска и економска криза е помал од просечниот раст на БДП во ЕУ, а нивото на странски инвестиции заклучно со третиот квартал е само 113 милиони евра што е два и пол пати помалку од лани и еден од најниските во Европа и Балканот, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека годината ја завршивме и со намалено индустриско производство и за 1,5% помалку вработени во индустријата. Сето ова е резултат на погубната економска политика која Заев ја спроведуваше изминатите три години. Се намали економската активност, а со тоа се намалија и даночните приливи. Стопанството е доведено пред колапс. Реалноста е катастрофална. Падот на економијата може да се спречи само на 12 април, кога ќе отпочне обновата на Македонија и економскиот напредок.