Реклама

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20 отсто попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. Покрај можностите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите, стои во партиското соопштение. 

Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20 отсто попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Реклама

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите.