Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

ВМРО ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни економски резултати, раст на платите, повисоки пензии за 7000 денари и континуиран раст на индустриското производство

Апсурдно е Филипче да зборува за економија, тој беше дел од владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апсурдно е Филипче да зборува за економија, тој беше дел од владата што ја донесе највисоката инфлација во историјата на државата, најскапата струја и гориво, сиромаштија и задолжување за генерации нанапред, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За само една година и неколку месеци власт граѓаните ги чувствуваат придобивките од добро осмислените владини политики.

Имаме континуираниот раст на индустриското производство. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со истиот месец минатата година.

Реклама

Заклучно со следната пролет за околу 300 000 пензионери вкупното покачување на пензиите ќе достигне седум илјади денари.

Податоците покажуваат дека реалната плата двојно порасна. Бројките покажуваат дека во период од јули 2024 до јули 2025 година, растот на реалната плата е скоро 7 проценти, а за време на СДСМ од јули 2017 до јули 2024 година растот бил само 3,5 проценти.

По 7 години пустош на СДСМ и ДУИ, осиромашување на народот и огромна корупција, Македонија денес е држава на стабилни финансии, и држава која ја враќа довербата во институциите.