Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на пет нови градинки со капацитет за 700 деца во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром. За таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром. За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четиригодишен мандат изградба на пет детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.

Реклама

Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани.

Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива.

Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9.

За твојот човек

За твоето место.

За твојата иднина.

Направи го вистинскиот избор. Заокружи број 9.