Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба.Но се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев со него во влада го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Одговорот е многу едноставен, како министер Филипче ги користеше сите привилегии кои му ги овозможуваше власта и мудро си молчеше за сите предавства направени врз државата.

Човекот кој со својот ментор Заев, кому му ја чува фотелјата во СДСМ, го менуваа името и јавноста ја убедуваа дека така ќе станеме членка на ЕУ. Но, тоа што граѓаните го добија е само лажната вест со сликата од авионот, каде со дигнати палци, лажеа дека се државата ги отворила преговорите.

Реклама

Тогаш Филипче гледаше провизиите за вакцините да му поминат, тендерите да врват, а кај него и Заев процентот да стигне, за сега да имаат за луксузни одмори и јахти во Грција, за згради, станови и златни визи во Дубаи.

Венко Филипче, исто така, премолче и кога неговиот ментор Заев кога го менуваа името, дека така Македонија ќе ја омажи за богата фамилија. Но, веројатно богатството го мислеле за нив, зошто единствени кои се офајдиле се токму Филипче и Заев, додека народот го осиромашија, а државата ја опљачкаа.

Затоа сега се и против се што значи развој и напредок на државата. Не сакаат во Македонија да има инвестиции од напредни технологии, индустријата да расте, рударството да се развива.

Колку и да се обидуваат СДСМ, Филипче и Заев да го спречат напредокот на државата, тоа нема да им успее. Граѓаните веќе ги препознаа и знаат дека нив единствено ги интересира нивниот џеб, ништо друго.

Затоа уште долго ќе останат таму каде што се, во длабока опозиција и на прагот од биолошкиот минимум.