Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уценетиот Филипче со ист речник како Софија, главен спроведувач на бугарските интереси

Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДСМ, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија.

Не почека ни еден ден по доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче веднаш се стави на располагање на Румен Радев и директно изјави дека, доколку тој биде на власт ќе го исполни секое едно барање на Бугарија. 

Реклама

Додека народот е против, Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања. Вака отворено против граѓаните може да излезе само уценет политичар кој е заглавен во криминал. 

Нема човек во државата на кој не му е јасно дека Венко Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали и затоа е должен да му одговори на македонската јавност, со што точно е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

Додека ја чува фотелјата во СДСМ, подарена од неговиот ментор Зоран Заев, јасно и гласно Филипче ги промовира и следи неговите политики на удоволување на секој еден од надвор, освен на Македонија и македонскиот народ.

Со секојдневните негови изјави, Филипче се повеќе тоне, на и така нискиот рејтинг од само 3% кој е понизок од партискиот, и него веќе никој не го слуша додека секојдневно зборува за евроинтегративниот процес на државата, а всушност е загрижен само за неговата партиска фотелја.

Тоа што е добро, што македонскиот народ веќе знае со кој си има работа и доверба на ликови како Заев и Филипче, кои за власт се спремни на прифаќање на разни ултиматуми, услови и отстапки кои задираат во националниот идентитет, веќе не дава.

Лекциите од минатото се научени, такви антидржавни политики кои ги промовираат и спроведуваат СДСМ, Заев и Филипче граѓаните ги не поддржуваат и со сигурност на следните избори ќе ги отстранат од политичката сцена, по што ќе бидат запишани на темните станици од историјата како најголемите предавници на македонските национални интереси.