Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДСM и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра. Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат.

Реклама

Каде и за што биле трошени средствата?

Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето?

Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? 

И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле?

Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори.

За разлика од катастрофалното владеење на СДСM и ДУИ денес разликата е очигледна.

Денес јасно може да се  направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти.

Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар.

Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти.

Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДСM и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат.

Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДСM и ДУИ.

Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР.

Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела.

За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДСM и ДУИ мора да има одговорност.