Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДСМ и ДУИ врз обвинителството

Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДСМ и ДУИ врз обвинителството.

За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот.

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази ги амнестираше осомничените блиски до СДСМ и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра. Абази и Коларевиќ ја запреа постапката против лица блиски до СДСМ и ДУИ.

Реклама

Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДСМ нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за Уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии.

Обвинителството е штит за криминалните активности на кадрите од СДСМ и ДУИ. Наместо правда има амнестија за најголемиот енергетски скандал во Македонија.

Кој и зошто наредил постапката да биде запрена?

Дали постојат финансиски мотиви зад оваа одлука?

Зошто СДСМ молчи за случајот и не бара одговорност од Васко Ковачевски?

Зошто Советот на јавни обвинители не отвори проверка за постапувањето на обвинителите?

Правдата не смее да биде селективна. Обвинителството мора да работи во интерес на граѓаните, а не да штити политички структури.

Неопходна е целосна и независна истрага за случајот „Мазут“ и одговорност за сите инволвирани.