Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сите законски можности ќе бидат преземени за фирмата на бизнис партнерот на Заев, Дака да биде исфрлена

Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Благодариме на СДСМ, кои доста добро знаат кои се фирми се во директна или индиректна сопственост на Дака и ја споделија информацијата во јавност, и нека не се грижат нема да биде „како до сега’’, фирмата нема да добие можност да се бави во енергетската дејност.

Нас овие познавања од страна на СДСМ за фирмите на Дака не не чудат бидејќи како што слушавме од аудио снимките, 300.000 евра и 2.000 квадратни метри земјиште завршило кај Заев во замена за услуга. Ваквите проруски бизнисмени секогаш се поврзуваат со Филипче, Заев или СДСМ.

Реклама

Да ја потсетиме јавноста дека освен Дака, проруските бизнисмени Онишченко и Марковски доста добро соработуваа и заработуваа со Заев, Филипче и СДСМ.

Синоним за криминал и корупција се Заев, Филипче и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на криминалната власт на СДСМ, туку напротив, ќе работи чесно, одговорно и транспарентно.