Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам

Го поздравуваме интересот на СДСМ во однос на темата со владиниот авион…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го поздравуваме интересот на СДСМ во однос на темата со владиниот авион бидејќи самата тема, покрај ситно политичките поени што сака да ги добие СДСМ, што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ. 

Треба СДСМ, пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион, да биде свесен дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава, и тоа со владино летало.

Актуелното владино летало, од кое СДСМ и Венко Филипче правват евтин сензационализам, е старо 20 години, купено во 2005 година, и од 2017 до сега се потрошени речиси 4 милиони евра за поправки.

Реклама

Воедно, индикативно, и би можело да се оцени, и крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.

Кој Венко се противи, тој што во 4 ѕида вели – купете авион или тој што пред микрофоните вели – не купувајте авион, дајте пари за минимална плата?

Ова се вика дефиниција за лицемерство. СДСМ шири лажни вести.

Дополнително, семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДСМ и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДСМ.

А кога сме кај парите за минимална плата, еве неколку дополнителни предлози за СДСМ. Тие може да се обезбедат од крадените пари, од кои Венко Филипче купи хациенди на Водно, може од парите од провизиите од кинеските вакцини „стабри“, кои ги договораше Венко Филипче или од парите со кои Заев гради згради во Дубаи или од парите што Вице Заев ги украде од РЕК и ги префрли на бугарска фирма.