Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Седум квартали по ред економски раст над 3 проценти, политиките на Владата даваат резултати

Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст. Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст.

Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока.

Реклама

Овие резултати се производ на одговорни политики насочени кон капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и силна поддршка на домашната економија. Политиките и мерките кои ги креира Владата на ВМРО-ДПМНЕ создаваат услови за нови работни места, економски развој и повисок животен стандард.

Особено значајно е што Македонија според стапката на раст се наоѓа меѓу водечките европски економии. Во исто време, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година, што значи повеќе средства и подобри услови за живот на граѓаните.

Потврда за позитивните економски движења се и 17.000 новоотворени работни места. Ова е доказ дека економијата создава нови можности за вработување и обезбедува перспектива за младите и за сите граѓани кои сакаат да ја градат својата иднина во Македонија.

Во областа на јавните финансии се бележат исто така позитивни резултати. Јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон реализација на капитални проекти кои ќе придонесат за долгорочен развој на државата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржување на финансиската стабилност, привлекување нови инвестиции и создавање услови за уште повисоки плати, пензии и подобар животен стандард.

Резултатите се видливи, економијата расте, инвестициите се зголемуваат, се отвораат нови работни места и се создаваат услови за посигурна иднина. Македонија продолжува по патот на развојот и напредокот.

Македонија забрзува!